Жестока битка: Нема да дозволам Гоца да ми го земе детето

Детето не се одзема, тоа е заедничко и потребни му се двата родители. Таа може да се обиде, иако тоа само му штети на детето, изјавил Иван Маринковиќ, поранешниот сопруг на српската пејачка Гоца Тржан.

Иван го посетил Центарот за социјалнни работи за да ја каже својата верзија на приказната. Пред тоа Гоца се обрати до истата институција барајќи заштита за нивната ќерка Лена затоа што се сомнева дека Иван го гонат наплатувачи на долгови и дека тој почнал да пие.

ivan

Иван за српскиот весник „Курир“ рекол дека нема да дозволи Гоца да му го земе детето.

„Детето не се одзема, тоа е заедничко и потребни му се двата родители. Таа може да се обиде, иако тоа само му штети на детето. А социјалните установи даваат мислење на основа на разговорите и сигурен сум дека се ќе биде како во претходните две години“.

На прашањето дали има големи долгови, како и дали се коцка и дали пие, тој рекол:

„Навистина не сакам да коментирам такви глупости“.

206125023

Од друга страна, од ПР службата на Гоца рекле:

„Госпоѓа Тржа целиот случај им го препушти на надлежните институции, со полна доверба дека правото и правдата ќе победат. Ќе остане доследна на тоа да не дава никакви изјави затоа што приоритет и се доброто на ќерка и, на која и е целосно посветена, и кариерата, благодарение на која на детето му обезбедува мир и сигурност“.

- Реклама -