Македонскиот шоумен Бојан Јовановски, познат и како Боки 13, речиси и да се преполови.
Водителот кој е веќе извеснo време е на диета, за мошне краток период успеа да симне 17 килограми, а со резултатите се пофали и по пат на социјалната мрежа Фејсбук.
Боки го сподели својот триумф со неговите фанови пишувајќи: „Ме споредувавте со Miss Pigi, ви благодарам за тоа. Но од сега, можете да ме споредувате со Наоми Кемпбл, ви ветувам! Уште малку ќе го за*бам и Андреј Пејиќ.“
Сево ова е во рамки на новиот проект кој Боки го подготвува наречен „DIET STYLE CLUB B-13“.