15 cm се премногу дури и за искусната Северина

Мерилин Монро тврдеше дека во добри чевли жената може да го освои светот, а ние би додале како само „цврстата“ може во нив да танцува цела ноќ. На обожавателките на вртоглаво високите штикли им е познат трикот кој го неодамна го направи и Северина која при настапот во текот на една вечер смени два пара со значителна разлика.

Имено, Севе за позирањето пред бројните фотографи носеше кремасти високи потпетици, кои подоцна ги замени со неколку сантиметри пониски и видливо поудобни златни штикли.

Витките нозе на пејачката изгледаа беспрекорно и во двата пара обувки, со тоа што во вторите, оние пониските, изгледаше мошне поенергично.

60837272-severina-stikle-centimetri