Пејачката вчера во 17 часот допатува од Германија во Србија за во петок да го погреба сопругот Игор Рамовиќ.
Пејачката Гога Секулиќ, чиј сопруг Игор Рамовиќ почина викендов од рак на панкреасот, допатува вчера со свекрвата од Германија и наводно го довела телото на Игор, за да биде погребан во Србија. Пејачката облечена во црно видно потресена не сакала да дава изјави.
“Ве молам да ме разберете и ништо да не ме прашувате“, кратко рекла Гога.
Неа на аеродромот ја пречакал пријател кој ја одвел во станот на Звездара.
Инаку, се претпоставува дека Игор починал од преголема употреба на стероиди, имајќи предвид дека последните три години интензивно користел хормонски препарати за зголемување на мускулната маса кои носат голем ризик за оштетување на органите. Како што наведуваат медиумите, Игор најверојатно ќе биде погребан во петок.
Гога и Игор беа во брак само два месеци, а тој за болеста дознал по свадбата.