После завршувањето на познатото српско шоу „Фарма“, познатиот пар кој беше главна атракција во текот на неговото емитување, Станија и Филип, не се појави на забавта на која присуствуваа сите кои беа дел од шоуто. Судејќи по се, се чини дека старлетата го исполни своето ветување и ја прекина апстиненцијата со манекенот.
Како што изјавила ексклузивно по крајот на шоуто, таа си зацртала уште една цел: нема веќе соблекување!
„Уште пред почетокот на „Фарма“ решив да ставам точка на голотијата зошто имам 28 години и мислам дека тоа време ми помина. Тоа го правев додека бев млада и сметам дека сега е време да станам посериозна, да дипломирам и да се занимавам со некоја посериозна работа. Јас сум пример за младите девојки да живеат со полна пареа, да патуваат, заработуваат… а кога ќе дојдат на ред децата да се смират“, изјавила Станија одговарајќи на прашањето дали ќе го послуша Филип и ќе престане со голотијата.
Додека таа беше на „Фарма“, се појавија голи фотографии од младоста и видео на кое танцува во долен веш.
„Фотографиите настанаа уште кога бев во пубертет и започнаа да ми растат градите и да се фотографирам пред огледало, како и секоја тинејџерка, без облека, сама за себе. Во теретаната каде одев го заборавив мобилниот телефон, a некои момци си ги префрлиле сликите кај нив. Не гледам ништо лошо во тоа“, додала Станија која остана без победа во „Фарма“.