Познатата мајка и ќерка се појавија заедно на модната ревија на Шанел во Њујорк.
Лили-Роуз Деп, ќерка на познатиот актер Џони Деп и неговата поранешна невенчана сопруга Ванеса Паради, пораснала во вистинска убавица и со својата мајка, во стилско издание се појави на црвениот тепих. Девојките ја следеле ревијата на Шанел во Њујорк, а сите зборуваат за неверојатната сличност меѓу мајката и ќерката.
И двете носеле впечатливи Шанел креации, што, навистина не е изненадувачки, со оглед на тоа што Ванеса била долгогодишна муза на големиот Карл Лагерфелд. Лили-Роуз очигледно дека е на добар пат да ја наследи својата мајка бидејќи целосно ја наследила тенката фигура, а се чини дека од гените на нејзиниот татко нема ни трага во неа.