Водечките жени во Холивуд беа во расположение да го „обојат“ градот во црвено на 66-тото доделување на Еми наградите во Лос Анџелес во понеделникот.
Светлоцрвените гламурозни фустани се покажаа дека е најпопуларниот изглед на ноќта, со Хајди Клум, Џулија Луис- Дрејфус, Клер Денс меѓу многуте водечки дами облечени во ружесто црвено.
Ѕвездите од „Mad Man“ Кристина Хендрикс и Џенуари Џонс го „украдоа“ шоуто во нивните прекрасни и впечатливи комплети.
Исто така, белите елегантни фустани, како на Софија Вергара беа дел од изборот на многумина актерки иако белата боја на црвениот тепих е тешко да се изведе, оваа прекрасна дама нема никаков проблем во тоа.
Сребрените и светкави фустани со метални ефекти направија голем впечаток, особено изгледот на бремената Хајден Панетиер.
Погледнете како изгледаа холивудските ѕвезди на минатовечерното доделување на овие престижни награди за серии.