Најскапиот накит на црвениот тепих!

Оскари, Греми, Еми и Тони наградите, се чини дека на овие доделувања на награди се е поврзано со брилијантноста на филмот, театарот и музиката, но сите знаеме дека најинтересниот дел на овие настани е црвениот тепих и која ѕвезда како се облекла.
Иако елегантните фустани се во центарот на вниманието, не треба да се заборави на накитот кој може да чини многу повеќе од било кој фустан. Ова се едно од најскапите накити на црвенито тепих.

Рис Витерспун- 3,7 милиони долари
На Златниот глобус во 2014 година, Рис носеше четорокатни дијаманстки обетки, десеткаратен дијамант на прстенот и две дијамански алки.

Шарлиз Терон- 4,5 милиони долари
На доделувањето на Оскар во 2013 година, Шарлиз носела накит со потпис на Хари Винстон со совршен Диор фустан.

Џенифер Лопез- 5 милиони долари
Воо 2011 година на доделувањето на Златен глобус, носела белегзија која има над 600 дијаманти, и седумкаратен дијамантски прстен.

Џесика Алба- 6 милиони долари
Актерката носеше неверојатен ѓердан од 5,8 милиони долари во 2013 година, и златен прстен со дијамант, како и дијамантски обетки.

Прочитајте и:  Како да се вративме во времето: Битлси и Ролинг Стоунс со номинации за Греми

Никол Кидман- 7 милиони долари
На доделувањето на Осакри во 2008 година, Никол носела ѓердан кој содржел над 7600 дијаманти. Ѓерданот го правеле точно 6200 часа или 258 дена наменет исклучиво за Кидман.

 

 

Софија Вергара- 7 милиони долари
Во 2013 година заводливата актерка носела огромен сафир, рубин и смарагд на обетките, прстен со дијамант од 21 карат и смарагден дијамански прстен од 40 карати.

Ејми Адамс- 8 милиони долари
Оваа актерка навистина шокирала на Златните глобуси со накитот, привезок од 30 каратен дијамант, 12 каратен дијамантски прстен и 10 каратни обетки.

ГлоријаСтјуарт- 20 милиони долари
Во 1998 година на доделувањето на Оскар, Глорија имала чест да го носи „Срцето на океанот“- ѓерданот од Титаник. Во центарот е огормен сафир опкружен со дијаманти.

Кери Андервуд- 31 милиони долари
Во 2013 година на доделувањето на Греми, Кери се појавила со ѓердан која имала дијаманти од 381 карат.

- Реклама -