Ема Ватсон е позната по својата природна убавина- па би можело да дојде како изненадување да се најде нејзината торба за шминка преполна со лосиони, пудри и други помагала.
Ѕвездата од „Хари Потер“ ги сподели своите тајни за убавина пред нејзиното појавување на црвениот тепих на промоцијата на филмот „Ное“, објавувајќи на Твитер слика со 30 продукти, покрај која вели: „Не би можела да преживеам ден без…“.
Младата ѕвезда, исто така, добро е подготвена за многу видови на итни случаи со безопасни игли, отстранувач на дамки, па дури и накит „за среќа“.
Актерката објавила слика од себеси откога шминкерот завршил со неа, споделувајќи ја сликата со нејзините 12.5 милиони фанови велејќи: „Не се будам ваква!“
Ватсон претходно има кажано: „Ме растажува кога ќе слушнам дека девојките постојано се потиснуваат. Ги имаме овие неверојатно високи очекувања од себе, кога всушност ние сите сме човечки суштества и нашите тела имаат функција.“