Дали бременоста ќе влијае на стилот на Скарлет?

Ве потсетуваме  дека  една од најсексапилните актерки во Холивуд, Скарлет Јохансон е бремена со своето прво дете. Веста доаѓа само шест месеци откако Јохансон ја објави свршувачката со францускиот новинар Ромен Дориак. Овој прекрасен дел од нејзиниот живот  ќе го одложи излегувањето на нејзиниот последен филм “The Avengers: Age of Ultron”, бидејќи почетокот на снимањето беше закажано за април, а тогаш ѕвездата ќе биде во прилично напредната бременост. Продуцентите се надеваат дека ќе успеат да ги снимат сцените со Скарлет пред нејзината фигура да се смени премногу.

Ние решивме да ве прашаме: Дали бременоста ќе влијае на нејзиниот начин на облекување?

Скарлет е муза на многу режисери, дизајнери и модни уредници:  Вуди Ален, Доменико Долче, Стефано Габана и Ана Винтер непрестајно ја фалат за нејзината сензуалност, сексуалност и безгрешен шик. Русокосата успева да импресионира секогаш со стил и класа, појавувајќи се по црвените килими на  настаните, облечена во едноставни, но исклучително сексапилни фустани.

Ве потсетуваме на дел  од најнезаборавните нејзини визии:

 

- Реклама -