Одржана е премиера на филмот за Нелсон Мендела во Лондон, а почесни гости беа Кејт Мидлтон и принцот Вилијам. Синоќешната премиера поминала во свечен тон, а тогаш сеуште не се знаела веста дека Мендела починал.
Војвотката од Кембриџ и принцот Вилијам беа почесни гости на премиерата на филмот ‘Mandela: Long Walk to Freedom’ на овогодинешната кралска изведба.
Веднаш по пристигнувањето, кралскиот пар се запозна со ќерката на господинот Нелсон Мендела и членовите на актерската постава.
Royal Film Performanse се оддржува секоја година од 1946-та година, а главната цел е собирање на добротворни донации за CTBF, асоцијација за унапредување на британската филмска и телевизиска индустрија.
CTBF обезбедува заштита и финансиска поддршка за вработените во филмската индустрија и нивните семејства кои се тешко заболени или доживеале некој вид на несреќа.
Војводата и војвотката од Кембриџ пристигнаа пред киното Odeon на Leicester Square. Кејт носеше долг до под бел фустан од францускиот дизајнер Роланд Морет.