Потег само за најубавите: Без шминка на црвениот килим

Црвениот килим е место на кое славните се појавуваат средени од глава до пети со претходен ангажман на цел тим луѓе што се погрижиле за нивниот изглед.

Врвни мејк ап трикови, разголени фустани и раскошни фризури е вообичаената глетка. Но, дека природната убавина е секогаш вредна за внимание покажа холандската убавица Доутцен Крос која реши да се појави на црвениот килим без шминка.

doutcen

„Ангелот“ на Victoria’s Secret неодамна крена прашина во модниот свет велејќи „не“ на врежените идеали на убавина на модните писти. Оваа мајка на двегодишно момче и покрај беспрекорниот изглед неодамна откри дека не е барана на модните писти затоа што за некои креатори е дебела. Јавно порговори за тоа во интервју за „Telegraph“ во настојувањето на младите колешки да им биде пример затоа што изгладнувањето, како што вели, не и паѓа на памет.

А во контекст на спротиставувањето на идеалите за убавина што владеат во модниот свет, 28-годишната манекенка на црвениот килим на забава во организација на „Vanity Fair“ се појави во издание кое може да си го дозволат само најубавите.

Doutzen-Kroes-Victorias-Secret-Fashion-Show-2012-backstage 2012 CFDA Fashion Awards - Arrivals fashion-show-2009-doutzen-kroes-runway-03-victorias-secret-hi-res doutzen-kroes-2011-victoria-s-secret-fashion-show-01

- Реклама -