На фустаните што го одбележаа вториот ден на филмскиот фестивал во Кан сигурно би биле горди и најголемите филмски диви кои со исто темпо дефилирале пред неколку децении затоа што гламурот и раскошот совршено се пресликале на нивните наследнички.
Колку и да е модата денес ексцентрична и провокативна, за Кан секогаш се бираат само раскошни и тоалети како од бајките. Женствената, одмерена и софистицирана нота преовладуваше во изборот на фустани на втората вечер на фестивалот, а од претерувањето кое го гледаме на речиси сите црвени килими немаше ни трага.
Carolina Herrera, Chanel Couture и Dolce & Gabbana се дизајнерските имиња кои го заслужија вниманието токму како и актерките кои гордо прошетаа во нивните креации за кои уште долго ќе се зборува.
Актерката Жанг Зији во фустан на Carolina Herrera, Фрида Пинто во фустан од нејзината сонародничка, Индијката Sanchita и Ема Вотсон во Chanel Couturea
Индиската актерка Сонам Капур во фустан како од бајките од Dolce & Gabbana