Џек Николсон флертуваше со Џенифер Лоренс по Оскарите

Добитничката на Oскар за најдобра женска улога, Џенифер Лоренс, се изненадила кога нејзиното интервју после церемонијата го прекинал легендарниот глумец Џек Николсон. Тој и честитал на младата колешка и воедно ја искористил пригодата за да и упати комплимент во стил на постар искусен заводник.

„Имаш еден фан овде“ и рекол водителот, а Џенифер се шокирала кога од зад неа го здогледала Џек Николсон.

Актерот и упатил комплименти за нејзината улога во филмот „Silver Linings Playbook“, по што таа се заблагодарила и возвратила дека на неа и се допаѓаат сите негови филмови.

Иако нивните возрасти се разликуваат повеќе од 50 години, сепак, тоа не беше пречка за актерот да се пошегува и да пофлертува малку со Џенифер.

„Изгледаш како една моја поранешна девојка“, по што актерката шеговито возврати „Навистина? А дали изгледам како вашата нова девојка?“ на што Џек возврати дека ќе мора да размисли.

По неколку мигови, актерот се врати и додаде, „Ќе те чекам“.

http://youtu.be/Upw1w2yXZs0

- Реклама -