Актерките Џенифер Лоренс, Ен Хатавеј и Џесика Честејн го водеа гламурот на црвениот килим на најважната вечер во Холивуд – доделување на Оскарите.
22-годишната Џенифер Лоренс, која освои Оскар за главна женска улога во филмот „Silver Linings Playbook“ триумфираше и на црвениот килим во фустан на Dior Haute Couture.
Ѕвездата од „Zero Dark Thirty“ Џесика Честејн блескаше во креација на Armani Prive.
Добитничката на Оскарот за споредна женска улога во „Les Miserables“, Ен Хатавеј призна дека го одбрала фустанот само три часа пред церемонијата, а се решила за Prada.
Погледнете ја галеријата од црвениот килим на Оскарите