Гламурозни црни долги фустани го одбележаа црвениот килим на вчерашното доделување на Британските музички награди. Модните критичари најдобри оценки дадоa за пејачката Џеси Џеј која се одлучи за црн Versace фустан и црни потпетици Jimmy Choo. Што се однесува до накитот Џеси Џеј носеше златни обетки од 1980 од колекцијата Susan Caplan Vintage искомбинирани со златен прстен во форма на пирамида.
Младата кантри пејачка Тејлор Свифт блескаше во долг црн фустан Elie Saab.
Погледнете ја галеријата од црвениот килим на Brit Awards.