Редовното конзумурање на овој пијалок во период од 30 дена ќе ви помогне да изгубите до три килограми.
Ефектот на горење на мастите кој го има овој пијалок првенствено влијае на мастите околу стомакот. Вишокот на масти околу стомакот се должи на мрзливите црева кои го попречуваат процесот на горење на мастие и отстранувањето на отпадот од човечкото тело.
Нутриционистите тврдат дека овој здрав коктел има способност да ги топи масите околу вашиот стомак, но тоа, исто така, ќе го подобри варењето на храната и ќе поттикне здрава работа на дебелото црево. Многу е лесен за подоготовка и треба да се конзумира како замена за појадок.
Земете шест суви сливи и истурете ги во 100 милилитри зовриена вода, покријте го садот и оставете ги да седат десет минути. Во меѓувреме, во сад истурете две лажици овес, лажица мелено ленено семе и лажица какао во прав. Прелијте ги со 300 милилитри кефир и добро измешајте. Исецкајте ги ситно сувите сливи и додајте ги во претходната смеса. Потоа ставете го коктелот во фрижидер и оставете го преку ноќ. Испијте го следното утро на празен стомак. Повторувајте ја оваа постапка еден месец.
Оваа мешавина, исто така, ќе го подобри вашиот тен и ќе ја зајакне вашата коса и нокти.