Не е потребно задолжително да поседувате професионален фотоапарат, за да создадете квалитетна и оригинална слика.
Ова се обидува да го докаже Гуигуруи, кој на “Инстаграм” често објавува кадри снимени со неговиот паметен телефон.
Тој создава интересна серија, во која вклучува фотографии на вирчиња. Штом падне дожд, Гуигуруи е исклучително радосен, бидејќи ќе успее да ѕирне во паралелниот свет кој може да се види во одразот на речиси секое вирче.
Погледнете ги најинтересните кадри кои Гуигуруи успеал да ги направи во различни градови. За време на следниот дожд не седете дома намуртено и фрлете го погледот во некој вир – можеби ќе пронајдете интересен одраз 😉