Иако ви изгледа сосема неверојатно, со помош на конзерва, можете да добиете брз интернет, односно можете да го зајакнете протокот на прием на ваерлес.
Најпрво, земете празна конзерва и исечете и ги врвот и дното, а потоа направете нешто како лента и поставете ја конзервата зад антената на рутерот и погледнете како ќе се искачува брзината на вашиот интернет.
Дури и доколку рутерот нема антена, позицијата на рутерот може да има големо влијание врз брзината на интернетот.
Постапката е сликовито и детално објаснета во видеото, а за да ја разберете, немате потреба од познавање на англиски јазик.