Најголемите машки перверзии

Без оглед на тоа колку долго сте заедно и колку сте искрени еден кон друг, сексолозите велат дека мажите фантазираат за работи кои им се далеку од омилени на голем број жени.
Тој е внимателен, разумен, страствен и чувствувате дека ве сака. Врв е тоа што сосема се согласувате во креветот – сакате исти работи и секој пат е незаборавен.

Можеби е така за вас. До душа, така е и за него. Тој има на што да биде горд, но за него, секогаш може да биде уште повозбудливо бидејќи неговите сексуални фантазии, вклучуваат и неколку перверзии.

Издаваме неколку машки тајни. Нека остане меѓу нас 🙂

Анален секс

За него, нема нешто повозбудливо од фактот дека пенетрира таму каде што не би требало, односно каде што не е природно предодредено. Но, за мажите „забранетото овошје“ е најслатко. Тоа не занчи дека треба да се согласите со ваков предлог. Напротив, убаво проучете и самите донесете си заклучок, имајќи ги во предвид сите позитивни и негативни искуства, како и последици.

Секс во тројка

Речиси секој маж сонува за тоа, а исто така секој се плаши да ви даде таков предлог, особено доколку му значите многу. Меѓутоа, кога би знаел дека не би го оставиле поради тоа што посакал уште една девојка во креветот покрај вас, не би се двоумел ни за секунда.

S&M фантазија

Во секој маж тлее еден „Кристијан Греј“, главниот лик од еротската (потпросечна) сага „Педесет нијанси на сиво“. Во најблага варијанта малку грубо, малку неизвесно и по некоја секс играчка.

Снимање

Да, идејата да се снимате додека водите љубов го возбудува многу. Сепак, најдругарски, 365 ги советува жените никогаш да не се нафатат на вакво нешто. Во ерата на интернетот, никогаш не можете да бидете сигурни каде ќе заврши вашето видео, доколку некогаш се разделите. Такви случаи има мал милион. Што и да правите секогаш размислувајте со трезвена глава, за подоцна да бидете одговорни самите за сопствените дела и да умеете да се сносите со нив.

- Реклама -