Косата дефинитивно има нов момент.
Од хипнотизирачки тонови на сива боја, впечатливи тонови на сина, розева и зелена до сите видови на прекрасни додатоци, се чини дека сите сакаат да остават впечаток на добар стил овие денови.
А сега, благодарение на новиот тренд „таписирана коса“, можете да оставите уште поголем, пооригинален и покреативен впечаток.
Сигурно се прашувате, што е всушност таписерија за коса?
Па, тоа е вид на оние мали таписирани украси, само што сега тие се прават во вашата коса.
Овој нов тренд во основа користи конец за везење и макара (дрвено помагало низ кое се намотува конец) со цел да се исткаат шарени дизајни во прамен од вашата коса, и изгледаат многу подобро од шарено обоените прамени за коса.
Погледнете ги сликите подолу да го видите овој креативен нов тренд за косата.