„ЗА СИТЕ ДЕЦА“ е именувана хуманитарната акција предводена од здружението „Хуманост без граници“ и вкучува дарување на училишен прибор, опрема и книги за децата од СОС Детското село.
Со цел да им се помогне и олесни почетокот на училишната година на 140 дечиња без родители и родителска грижа, како и деца кои се во ризик да ја загубат грижата од своите биолошки семејства, згрижени во СОС ДЕТСКО СЕЛО во Скопје, Здружението “Хуманост без граници” организира Хуманитарна акција на дарување.
Нека училишната година биде почеток на едно прекрасно патување и период полн со радост и големи очекувања ЗА СИТЕ ДЕЦА. Да им помогнеме на децата од СОС ДЕТСКО СЕЛО сите ние и тие комплетно подготвени да ја дочекаат оваа учебна година.
Книги, лектири, работни тетратки, учебници, тетратки за пишување, блокови за цртање, моливи, пенкала, фломастери, училишни ранци….се што сметате дека на некое дете ќе му биде од корист во текот на учебната година, можете да го донирате на акцијата на дарување , која ќе се одржи во САБОТА на 22 АВГУСТ 2015 година, од 19:00 до 20:30 часот, пред Спомен куќата на Мајка Тереза.