Зголемување на градите без операција

Можете да ги зголемите градите и без операција. Во самите гради нема мускули, но зајакнувањето на мускулите кои ги опкружуваат, ќе им помогне да изгледаат стегнати и поголеми.

Елементарните склекови ги зајакнуваат мускулите кои што се наоѓаат под градите. Ако ви е тешко да правите обични склекови на подот, правете ги прави, со тоа што ќе се потпирате на ѕидот.

Кревањето тегови, исто така помага за зајакнување на градната мускулатура. Држете по еден тег во секоја рака и кревајте ги двете раце. Поставете ги рацете што е можно поблиску една до друга, но на начин што нема да се допираат. Држете ги во таа положба неколку секунди и потоа, вратете се во првобитната положба. Повторете ја постапката десет пати.

gradi1

Масажата на градите ја стимулира циркулацијата, што доведува до раст на клетките, а тоа, пак од друга страна, доведува до зголемување на големината на градите. Редовната масажа на градите помага да се подобри формата и големината. Кога ги масирате градите, користете масло за масажа. Не заборавајте дека допирите треба да бидат многу нежни. Ставете ги рацете на градите и притиснете сосема малку.

Направете кружно движење со рацете што ќе трае не подолго од две секунди. Повторете ја постапката сто пати на едната, а потоа и во другата насока за секоја дојка. Ако ја правите оваа вежба два пати дневно, градите ќе се зголемат само за еден месец.

gradi3

Покрај атрактивниот изглед масажата на градите ќе ги задржи здрави, бидејќи помага за исфрлање на токсини, а тоа им помага за подобро потхранување на градите со корисни материи. Потребните хранливи материи, исто така се одразуваат позитивно врз големината на градите. Редовно користете копар во јадењата и салатите, и правете си чај од анасон.

gradi4

- Реклама -