Еротските соништа се одраз на здравјето

После „влажните“ соништа се будите возбудени, вознемирени, а многумина и преплашени од жешките фантазии, прашувајќи се што е она што ги предизвикало.
Дали често ви се случува дури и кога сте сосема задоволни од љубовниот живот, да сонувате возбудливи еротски соништа со познаници или сексипилни странци, како и сцени слични на оние од порно филмовите?

После „влажните“ соништа се будите возбудени, вознемирени, а многумина и преплашени од жешките фантазии, прашувајќи се што е она што ги предизвикало. Веројатно се прашувате каква порака ви испраќа потсвеста, дали тоа значи дека во вашата врска или брак нешто не е во ред?

„Немате причина за грижа, дури и пожелно е да имате еротски соништа – тврди докторката Роберта Роси од Институтот за клиничка сексологија во Рим.

Прочитајте и:  Немате многу пријатели? Тоа е „социјално стареење“ и може да биде добро за вашето здравје

Според мислењето на докторите, богатиот внатрешен живот, фантазирањето за возбудливи секс доживувања и „излети“ во текот на сонот, се одраз на сексуалното здравје. Еротските авантури во соништата можат само да го збогатат односот со партнерот. Освен тоа, подобро е да „екслодирате“ во сонот со некој кој што не ви е партнер, отколку за него да фантазирате со отворени очи.

- Реклама -