8 знаци дека сте печени за психијатар

Нешто ве мачи, а не знаете што. Колку подолго ја игнорирате таквата состојба, толку повеќе ви се компликуваат проблемите.

1. Сите чувства ви се интензивни
Сите сме тажни или се лутиме, но колку интензивно и често ви се случува вам тоа? Ако се повторува и значително влијание врз вашата работа, време е да побарате помош. Таквата состојба може да има парализирачки ефект, а може да предизвика и напади на паника пред дури и да сфатите што се случува. Ако вашиот живот станува сé поограничен благодарение на тоа што се обидувате многу нешта да избегнете, послушајте го нашиот совет.

2. Преживеавте траума за која не можете да престанете да размислувате
Болката предизвикана од смртен случај во семејството, прекин на љубовната врска или губењето на работа, може да е и повеќе од доволна за да се упатите на советување. Обично сметаме дека таквите емоции ќе исчезнат сами од себе, но всушност можат да влијаат на нашето секојдневно функционирање, па и да предизвикаат повлекување во свој свет. Ако веќе не ги правите нештата во кои порано уживавте, а тоа го забележуваат и вашите пријатели, ете ви уште еден знак.

3. Необјасниви главоболки, тегоби во желудникот и слаб имунитет
Кога сме психички вознемирени, тоа се манифестира и на нашето тело. Стресот може да предизвика цела низа физички симптоми, од хронични тешкотии при варењето, до главоболки, зачестени настинки, па и недостаток на сексуална желба. Изненадните грчеви на мускулите за кои не можете да најдете реална причина или болките во вратот, често се знаци за долготраен стрес или емотивно нерасположение.

Прочитајте и:  Ворен Бафет се реши на радикален пресврт и предизвика општа паника: „Дали тој знае нешто што ние не знаеме?“ 

4. Злоупотреба на нештата за да се справите со ситуацијата
Ако сфатите дека сте почнале повеќе да пиете, користите дроги или премногу јадете, или дури и ако само размислувате за наведените нешта, тоа се сигнали дека се надевате дека на тој начин ќе ги „замолчите“ емоциите со кои морате да се соочите.

5. На работа сте непродуктивни и сé повеќе грешите
Промените на работа зачестија? Најчесто тоа значи дека ве мачат емотивни и психолошки проблеми. Можеби се чувствувате исклучени од работата, дури и ако претходно бевте задоволни. Покрај промените во концентрацијата и вниманието, зачестените негативни критики од шефот и колегите дополнително укажуваат дека имате проблем.

6. Не уживате во нештата што отсекогаш сте ги сакале
Веќе не ве радува одењето на кафе со пријателите, читањето книги или семејните ручеци и прослави… Ова се знаци дека ве мачат некои други тешкотии.

7. Односите со луѓето ви се позатворени
Ако веќе не можете да им се „отворите“ на луѓето што ги сакате и да им кажете како се чувствувате, или не можете да откриете што точно ве мачи, или веќе не ве радува дружењето со семејството – можеби е време за семејна терапија.

8. Ги загрижувате пријателите
Некогаш другите забележуваат нешта што вие самите не можете да ги забележите. Секогаш вреди да се слушне како изгледаат нештата од нивна перспектива. Ако вашите блиски почнат да ве прашуваат што се случува со вас и дали сте зборувале со некого за своте проблеми, и сето тоа со загрижен тон, тоа е сериозен знак дека ви е потребно советување.

- Реклама -