Ѕидни бироа за заштеда на простор

Заштедата на простор е еден од најбараните ефекти во внатрешниот дизајн денес.

Работното биро е мебел, за кој што често мислиме дека нема место.

Денешните предлози можете да ги искористите за детската соба, спалната, дури и за дневната соба:

„Невидливо“ биро – на принципот на креветите

1

Кога не ви треба, тоа зазема сосема малку простор на ѕидот. Го симнувате само кога го користите. Истото го произведува и продава Upton Home, а цената е околу 318 денари.

1a

Ikea

2

Ikea нуди модел маса Norberg (39 долари), која е доста поевтина. Кога не ја користите ја преклопувате надолу.

Моделот Flatbox на Michael Hilgers

3

Во форма на тесна кутија, монтирана на ѕидот. Кога се отвора таа станува биро, а има и држач за таблет. Цената е 125 евра.

Полица

4

Овој модел вклучува биро и полица, кои лесно можат да бидат сместени во секоја соба.

Уметнички минимализам

5

Овој модел можете да го изработите дури и сами.

Модел на Jonas & Jonas

6

Продолжуваме со минималистичните предлози. Овој модел масичка на Jonas & Jonas е само на две нозе, бидејќи поголемиот дел е прицврстен на ѕидот. Дали знаете што не е минималистички во него? Цената – 568 евра.

Модел на Raw Edges

7

Моделот се нарекува Deskbox. Цената по која што се продава во САД од сајтот Hivemodern e 1 835 долари.

7a

Прочитај повеќе: Кога немате многу простор дома

- Реклама -