Фотографот Еван Шилер и неговата сопруга Лиза Холцуорт посветиле голем дел од својот живот на дивите животни. Двајцата се потпираат на своето најмоќно оружје – пишувањето и фотографијата, со цел да придонесат во спасувањето на дивите мачки и други видови кои се во опасност поради нашите активности.
Во реонот на Селинда, Северна Боцвана, тие доживеале нешто неверојатно. Додека фотографирале, здогледале голема група павијани кои се појавиле низ грмушките, уплашени од нешто.
Станало јасно дека причината се две лавици кои брзаат кон мајмуните. Еден храбар женски павијан се спуштил кон најблиското дрво, но завршил смртоносно од вилиците на лавицата. Токму тогаш фотографите забележале уште нешто – сосема мало бебе кое се обидува да ја стигне групата.
Обземено од инстинктот да се спаси, тогаш тргнало нагоре по дрвото, но се уште било премногу мало и слабо за да се искачи.
Во тој момент лавицата го забележала и се приближила љубопитно. Наместо сепак светкавично да го раскине, таа започнала да го проучува и да си игра со него.
Малото дури се обидувало да цица од лавот, без да има поим какво е тоа животно. Односот добил зачудувачи пресврт.
Во следниот миг се приближиле млади машки лавови, но лавица го отфрлила нивното додворување и продолжила да се забавува со малото мајмунче.
И тука доаѓа најинтересното. На најблиското дрво стои мажјак павијан, чија што намера очигледно е да го спаси бебето.
Нередот, предизвикан од машките лавови му дава кратка можност да се скокне од дрвото, да го грабне бебето и да избега со него.
Хероизмот на Павијанот, завршува со успех. Тој успева да се искачи на дрвото кај останатите заедно со бебето. По некое време фотографите гледаат дека малото животно е безбедно, мирно сместено во прегратките на својот татко.
Тешко е да се каже што е повеќе импресивно: одлуката на лавицата да го задржи павианчето или неверојатната храброст на спасувачката мисија. За луѓето пред чии што очи се разигрува оваа случка, таа е потсетник за кревкоста на животот и неверојатните пресврти кои ја одредуваат судбината.
Извор: National Geographic