EnableTalk ракавици кои препознаваат знаковен јазик

Еден од финалистите во Imagine Cup на Microsoft е EnableTalk. Овие ракавици, дело на студенти од Украина, проценуваат што корисникот кажува со знаковен јазик и го изразува со звук.

Во моментов во светот има околу 40 милиони глувонеми луѓет кои го користат знаковниот јазик за комуникација, проблемот е што многу мал дел од останатото население ги разбира. Ракавиците кои содржат флекс сензори, сензори на допир, жироскопи и акцелерометри се систем кој ќе го преведува знаковниот јазик во текст а потоа и во звук со помош на програма која претвара текст во звук. Целиот систем се поврзува со смартфон преку Bluetooth.

Тимот создал неколку прототипи и ги тестирале со корисници на знаковен јазик од Украина. Идејата за проектот потекнува од интеракција со спортисти со оштетен слух. Неколкуте постоечки проекти кои му се прибрижиле на EnableTalk генерално чинат околу 1200 долари и имаат помалку сензори, користат физичка врска и немаат интегрирано софтверско решение. Во споредба хардверот за прототипите на EnableTalk чинел околу 75 долари по направа.

Покрај цената предност на овој систем е што корисниците ќе можат да го научат системот на нови гестови и да ги модифицираат оние кои тимот планира да ги достави во библиотека на стандардни гестови. Со оглед на високиот степен на варијација кај знаковниот јазик кој има регионални дијалекти како и кај говорените јазици ова би било добредојден елемент кај корисниците.

{youtube}HCAwPBbDkhk{/youtube}

Бидејќи ова е натпреварување на Microsoft системот очигледно користи нивна технологија, но како што посочува тимот одговорен за EnableTalk Windows Phone 7 не им овозможува на корисниците пристап преку Bluetooth и сегашната верзија работи на Windows Mobile, претходникот на Windows Phone.

- Реклама -