Новиот Mercedes C-class coupe доаѓа во декември

Mercedes ја објави првата официјална информација за новата верзија на моделот C-класа купе, кој ќе биде лансиран на пазарот во текот на месец декември.

Новиот Mercedes доаѓа со динамичен дизајн, стилски и удобен ентериер, оптимизирана суспензија, високо технолошки, динамични и ефикасни мотори, а должината на автомобилот е зголемена за речиси 10 сантиметри во споредба со неговиот претходник. Меѓуоскиното растојание е зголемено за 8 сантиметри, а ширината за 4 см.

610_15C718_125

Првично, Mercedes C-класа купе ќе се нуди со избор меѓу четири бензински мотори меѓу кои C180 со 1.6 литарски мотор и 156 коњски сили, C200 со дволитарскиот агрегат и 184 КС, C 250 (211 КС) и C 300 со 245 коњски сили. Дизел верзии ќе бидат две со 170 и 204 коњски сили.

- Реклама -