Минералната вода – како, кога и колку да пиеме од неа

Минералната вода има најсилно влијание врз живиот организам кога се пие наутро, на гладно.

Соодветно е минералната вода да се пие и околу 30 минути пред јадење. Нејзината идеална температура во моментот на апсорпција е 38 ° C, бидејќи се ресорбира најдобро во организмот.

Пијте полека,  мали голтки, со тоа што ќе ја држите во устата, по можност под јазикот, неколку секунди. Така апсорпцијата на водата станува подобра и минералните материи се вшмукуваат и паѓаат директно во ткивото. Ова се однесува особено на води со пониска температура од наведената .

Количината и видот на водата, која човек треба да ја пие, се строго индивидуални. Тие зависат од општата состојба на организмот, минерализацијата на водата, физичката и менталната состојба и оптоварувањето на организмот. Просечната дневна количина е околу 1,5 л, а истата може да варира помеѓу 600 мл и 2,5 л во зависност од потребите, со тоа што кај спортистите може да достигне до над 5 l дневно. Добро е да пиете по 250 мл. рамномерно во текот на целиот ден. Постојат и т.н. “водни погоди”, кога човек може да испие одеднаш до 1-1,5 л, но тие не се препорачливи и го оптоваруваат организмот.

 

- Реклама -