Ford, иако се уште неофицијално, објави некои детали околу производството на супер изведбата Ford GT.
Според информациите може да се долови дека Синиот овал не предвидува некоја посериозна серија на стартот од продажбата.
Не, не станува збор за лимитирана серија, но според доста авторитативни изданија, во план е годишно склопување на моделот во погоните во Канада да не биде повеќе од 250 примероци, а само околу стотина од нив ќе пристигнуваат до Европа. Autocar, на пример истакнува дека за Велика Британија најверојатно ќе бидат понудени најмногу 20 примероци годишно.
Можеме да претпоставиме дека со речиси иста бројка автомобили ќе се задоволат и клиентите во Германија, а сите останати пазари на Стариот континент ќе имаат пристап до многу помалку остварувања.