Жените обожаваат кога ќе ги стават мажите на тест, да ги погодуваат нивните години.
Подоле е еден случај во кој што не само што би згрешиле, туку и веројатно би останале многу засрамени.
Имено, српскиот фотограф Марко Вељковиќ одлучи да направи експеримент, со цел да ја докаже манипулативната моќ на шминката и фотографијата.
Тој за својот проект соработува со Тамара Михајловиќ, 10 годишно девојче, при што и дава изглед на возрасна жена.
Сите ние не сме свесни за фактот дека многупати се користат модели на оваа возраст, додека ги листаме магазините за здравје и убавина. Тоа се случува од причина што лицето на младите девојки може многу едноставно да се трансформира, изгледа мазно и негувано, а целовкупниот производ настанува речиси без употреба на „Фотошоп“.