Геометриски дезен: Омилен летен тренд

Веселите бои обликувани во коцки, кругови, триаголници и други геометриски тела се вистински хит за оваа сезона.

Силните бои отсекогаш биле одличен летен избор, но оваа сезона, кај голем дел модни парчиња преовладуваат геометриските фигури, кои станаа вистински хит.

Геометриските дезени со голема брзина го освоија светот на познатите ѕвезди, па речиси сите ги покажаа своите геометриски фустани, здолништа, како и мега популарните бармуди и маици.

1

Овој дезен е идеален избор за секоја прилика, потребно е само да се прилагодат боите и моделот на облеката.

За опуштена прошетка или работа, изберете фустан во неутрални бои, со што повеќе шари и геометриски облици, со должина до колениците.

2

Во зависност од облеката, накитот и фризурата, истите фустани можете да ги облечете и во некоја свечена прилика.

3

Доколку сакате да бидете забележани, нема подобар начин да го направите тоа, отколку да изберете фустан со геометриски дезен во што посилни бои.

4

Како ви се допаѓаат?

- Реклама -