10 зошто, 10 затоа

Науката е составен дел од животот. Таа објаснува речиси сè – од тоа зошто лебот се крева при печењето, до тоа зошто ви е потребно гориво, за да возите автомобил.

Сите ние сме љубопитни околу работите што не опкружуваат. Но, сте се запрашале ли некогаш „Колку луѓе е потребно да се соберат заедно за да ја загреат куќата?” (Многу, но не колку што мислите), или „Зошто бебињата плачат ноќе?“

Еве неколку одговори.

1. Зошто здравјето е во сексот?

Сите сме слушале за тоа дека сексот е первентивна мерка од бројни болести. Науката континуирано ги објаснува бенефитите од сексуалното задоволство. Доколку сакате да дознаете многу повеќе на оваа тема, кликнете ТУКА.

2. Зошто самолепливите ливчиња се одлепуваат лесно?

Бидејќи лепилото им е распределено нееднакво, па така тие имаат лепак што се наоѓа низ целата површина на ситни капки. Кога ќе ставите ливче на бирото, само некои од овие капки (микро-капсули) допираат до површината. Така може да се извади лесно, а кога ќе одлучите да го пренасочите на друго место, тоа се прилепува со помош на неискористениот дел од лепилото. На крајот сите капсули од лепилото се трошат или се нечисти и белешката не може да се залепи повторно.

3. Од што е направена гумата за џвакање?

Гумата за џвакање е наречена гума, бидејќи се прави од гума. Првите гуми за џвакање имаат својата еластична структура, бидејќи се направени од чикле, природен вид гума. Во моментов гумите за џвакање се прават од синтетички каучук, како стирен бутадиен (истото се користи кај автомобилските гуми) или поливинилацетат (истото се користи кај лепилото “Elmer”), за да го имитираат ефектот на чикле.

4. Зошто некои луѓе се мрзливи?

Верувале или не, за тоа е виновна генетиката. Прочитај повеќе ТУКА

homer_sleeping_on_sofa_wallpaper_-_1280x8001-700x325

5. Колку луѓе можат да загреат една куќа?

За ова се потребни 70 луѓе. Луѓето природно испуштаат топлина од телото – секој кој бил во мала собичка полна со луѓе, го знае тоа. Сепак, свесни ли сте колку лица ви се потребни за да го загреете вашиот дом само со телесна топлина во зима? Околу 70 во движење или 140 неподвижни, со оглед на тоа што телото емитува 100-200 вати топлина.

6. Густината објаснува зошто ладната вода ја чувствуваме уште поладна од воздух со истата температура

Бидејќи водата е погуста од воздухот, телото ја губи топлината 25 пати побрзо, додека е во неа. Густината на водата има висок специфичен топлински капацитет, што значи дека е потребна топлина, за да се подигне дури и малку температурата. Еве ја и причината поради која што топлата супа останува топла за подолго.

7. Колку вода содржи телото на бебето?

Телото на бебето содржи повеќе вода отколку на возрасните Организмот на возрасните е составен од околу 60% вода. Во споредба, кај новороденчињата има 80% вода. Оваа вредност сепак паѓа брзо – една година по раѓањето таа е веќе намалена на 65%.

8. Зошто стаклото е кршливо?

Стаклото се уништува лесно, бидејќи атомите се слабо подредени. За разлика од други цврсти материјали како метал, стаклото се состои од аморфен, слободни атоми. Тие не можат да апсорбираат енергијата од телото, како куршум. Атомите не можат да се изменат брзо, за да ја зачуваат структурата на стаклото, па тоа се распаѓа, чистејќи честички насекаде.

9. Зошто бебињата плачат ноќе?

До сега се сметаше дека честите ноќни будења кај бебињата се нормални затоа што нивниот систем за варење е недоволно развиен за да може да прифати доволно храна за да може бебето да издржи цела ноќ без да биде нахрането. Но, едно ново истражување на Харвард постави интересна теорија, според која постојат добри изгледи дека причината се крие во еволуцијата.

Прочитај повеќе: Зошто бебињата плачат ноќе?

10. Зошто не фаќа струја од допир на предмети или луѓе?

Феномен кој е необјаслив исто колку што е и непријатен. Единственото што сигурно го знаеме е дека настанува кога ќе допреме нешто што го неутрализира позитивниот или негативниот електрицитет од површината на нашето тело. Но, зошто електрицитетот се акумулира? Вообичаено објаснување е тоа дека со допир на два предмети се трие електрицитетот, со тоа што електроните преминуваат од еден објект на друг. Зошто движењето на електроните не се случува и во двете насоки, засега не е познато.

- Реклама -