Дали сте знаеле дека во срцето на Европа до неодамна постоеа зоолошки градини за луѓе?
Ова е приказна за оние кои пред само неколку децении беа доведени на Стариот континент, со цел да бидат прикажувани пред локалното население како нешто невидено и неверојатно.
Кон крајот на педесетите години, само десет години од завршувањето на војната, во Брисел постоела последната „зоолошка градина“ во која Европјаните гледале Африканци. Попрецизно, во која биле изложувани африкански робови. Човековата зоолошка градина најмногу била посетувана во 19 и 20 век, кога поробувањето и расизмот биле најизразени, особено во земјите кои се сметаат себе си за напредни и демократски.
Вакви зоолошки имало во Париз, Хамбург, Лондон, Милан… Луѓето биле откупувани како роба, а кон нив сопствениците се однесувале нехумано. „Газдите“ на нивните животи ги врзувале со ланци, ги тепале за најмали ситници, ги хранеле со остатоците од нивната храна. Се случувало и да не остане ништо, па оброците биле прескокнувани.
Во зоолошките имало копии од села, па робовите биле приморувани да учевствуваат во претстави на сцена, а сето постоело како забава за публиката – пишува германскиот портал Spiegel Online.
Неретко, децата ги удирале со камчиња, за луѓето „зад оградата“ да изреагираат, па сите да се изнасмеат во публиката.
Многу „експонанти“ умирале од болести.
Првата позната „зоолошка градина“ во Европа била отворена во Ватикан во 16 век. Кардиналот, Хиполитус Медичи составил колекција на луѓе, меѓу кои имало Турци, Индијци и сл. Според наводите, првата изложба на луѓе кои биле третирани како и животните, вклучувала луѓе кои разговарале на 20 различни јазици.
Кон средината на 19 цек, речиси сите центри во Европа имале вакви изложби. На нив биле презентирани воглавно црнци, потоа албино, луѓе со низок раст, разни синдроми и сл.
Германецот, Карл Хагенбек бил меѓу најпознатите „ловци“ на „експонати“, за човечки градини. Тој одел на експедиции низ светот, од каде се враќал со луѓе и животни за својата европска колекција.
Во мемоарите, низ кои зборува за своите потфати, Карл го прави тоа со неприкриена гордост.
„ Ми беше чест, да бидам првиот човек во цивилизираниот свет, кој претстави други раси“.
Зоолошката градина во Хамбург и денес го носи неговото име, а на службените страни на зоолошката, која е во сопственост на неговите потомци, гордо стои дека Хегенбек во 1875 година, ја основал оваа голема зоолошка градина.
До пад на интересирањето за оваа „атракција“ дошло во 1930 година, секако не поради морални побуди, туку затоа што луѓето пронашле многу поинтересна забава од робовите – кино!
Последната завеса е спуштена во не толку далечната 1958 година во Брисел, кога била затворена и последната зоолошка градина. Интересно е дека ако „гуглате“ на оваа тема, на официјалната страна на Википедија можете да најдете по нешто под името „Етнолошка изложба“, но за Бриселската нема ниту збор.
Веруваме и се надеваме, дека за неколку години сосема ќе исчезнат и зоолошките градини за животни, насекаде низ светот. Реално, во ерата на интернетот, нема потреба да се чуваат животните во кафез со цел да бидат видени и да се научи нешто повеќе за нив.