Можете ли да ги препознаете?

Сем Алтман, претседател на Y Combinator,  објави на Twitter неколку интересни факти за едни од најголемите технолошки компании.

Во САД има седум технолошки компании засновани по 1970 година, со пазарна капитализација од над 100 милијарди долари, според Алтман.

Пред да ги наброиме, можете ли да познаете кои се тие?

Еве неколку џокери.

Нивната пазарна капитализација е:

703 милијарди долари

443 милијарди долари

368 милијарди долари

269 милијарди долари

247 милијарди долари

246 милијарди долари

171 милијарди долари

144 милијарди долари

Алтман ја проверил и возраста на нивните основачи во времето кога се создадени компаниите. Најмладиот од нив бил на 19, а најстариот 36 години.

Еве ги и годините, во кои се засновани, во истиот ред како и нивната пазарна капитализација: 1976, 1998, 1975, 2004, 1994, 1977, 1984 година.

Прочитајте и:  Гринфилд: Се додека Украинците се борат против инвазијата и идеологијата на „посилниот секогаш е во право“, САД ќе ги поддржуваат

Тоа пак се првите букви од имињата на компаниите: A, G, M, F, A, O, C

Ги познавте ли? Apple, Google, Microsoft, Facebook, Amazon, Oracle, Cisco.

*Текстовите во адвертајзинг се поддржани од Via Marketing

- Реклама -