Најновиoт оперативен систем на Microsoft Windows 10 е веќе на пазарот, но некои можеби уште се сеќаваат како изгледаа неговите предци.
За промоција на Windows 95, Microsoft беа задолжени суперѕвездите Метју Пери и Џенифер Анистон, кои во тоа време учествуваа во популарната серија „Пријатели“.
Тие создадоа едночасовен видео клип со инструкции за користење на новиот оперативен систем. Во видеото, Пери и Анистон добиваат информации за „новото“ Start мени на Windows и за Microsoft Office 95.
Снимката носталгично не потсетува на 90-те години, а Пери и Анистон покажуваат искрена конфузија во однос на нешта како зачувување на датотеки и користење на интернет.