Значењето на најчесто сонуваните кошмари

Сонувањето и кошмарите се случуваат за време на циклусот на спиење. Кошмарите се резултат на чувства и искуства во текот на денот.
Само неколкумина од нас се во состојба да го контролираат својот сон. Повеќето луѓе ги забораваат своите соништа речиси веднаш откако ќе се разбудат. Сепак, кошмарите се вообичаени и научниците во текот на бројни години спроведуваат истражувања за да ги објаснат причините и нивното значење.

1. Пад од зграда, карпа, рингишпил, авион или автомобил

Едни од најчестите кошмари се падовите. Човекот чувствува како неговото тело пропаѓа, по што се буди за момент и сфаќа дека се уште лежи во креветот. Научниците го поврзуваат овој кошмар со секојдневната анксиозност или поточно со фактот дека човекот не ги контролира настаните во текот на денот. Исто така тие можат да се должат на пад на крвниот притисок или движење на течност во внатрешното уво.

2. Изгубени во лавиринт, непозната територија или шума

Мошне често е сонувањето на губење во непознат простор, упорни скитања во лавиринт или залудни обиди да се пронајде излез од слично место. Овој вид кошмар се манифестира поради моментална или постојана неодлучност во секојдневниот живот.

3. Паѓање на заби

Овој кошмар предизвикува безумен страв кај сонувачот. Се должи најверојатно на фактот дека имате потреба од посета кај стоматолог. Вашите заби се доста чувствителни и наводната моментална болка, се совпаѓа со фазата на сонот, која што сигнализира за овој проблем.

4. Животна опасност

Кај децата, најголемата тензија може да ја предизвика чудовиште, или пак, кадифеното мече кое станува монструм за време на сонот. Кај возрасните обично е поврзано со некаква фобија. Овие кошмари обично се јавуваат како последица на некаква вина, која ја чувствуваме во реалниот живот, а во повеќето случаи е неоснована. Инциденти кои сме ги преживеале или на кои што сме сведоци, исто така, можат да влијаат на соништата, предизвикувајќи сличен род кошмари.

zashto-sanuvame-koshmari

5. Природно катастрофа или апокалипса

Многу често луѓето сонуваат земјотрес, додека спијат. Обично причина за слични кошмари се ситуации во кои сте биле натоварени со одговорност, поголема од можностите. Друга честа причина е постојаната анксиозност, шредизвикана од тешкотиите во секојдневниот живот.

6. Голи на јавно место

Овој вид сништа обично се должат на несигурност во однос на изгледот или длабоки комплекси. Друга можна причина е обелоденувањето на некоја голема тајна.

7. Секс со странец, кој никогаш не сте го виделе

Ова може да е одраз на начинот на кој се чувствувате во својата врска. Сакате нешто ново и вашиот сон ви помага во тоа.

8. Незгода на тест, интервју или проект за време на работа

Тоа е директен одраз на емоционалната состојба. Кога човек е под притисок во слична ситуација или во процес на очекување на резултати, тој често го проектира ова во своите соништа.

9. Повреда

Може да се работи за некоја специфична ситуација или нешто што е видено, а од кое што се плашите.

10. Партнерот ве напушта или ве изневерува

Ова се должи на несигурноста во однос на самодовербата што ја имате пред партнерот. Обично стравот од слична ситуација стимулира со овој вид на кошмари.

- Реклама -