Виршлите се едни од најпопуларните видови на брза храна.
Time испрати барање за слободен пристап на информации од јавен карактер до USDA, со цел да се видат жалбите кои ги добиле за непознати предмети во виршлите. Иако има само 38 официјални поплаки, што е изненадувачки мал број, сепак, ова открива дека луѓето, од време на време, наоѓаат чудни работи во нивните колбаси. Тие чудни работи вклучуваат:
– Парче коска од 2 сантиметри.
– Голема мравка.
– Апче.
– Голем книшки молец.
– Нешто што изгледа на ларва од инсект.
– Сноп од влакна (личат на трепки).
– Игла налик инјекциона игла.
– Врвот на жилет.
– Стакло и потенцијална жива.
– Монета.
– Метален предмет кој изгледал наоштрен.
Сите овие „страни предмети“ беа во поплаките поднесени до USDA од 2007 до 2009 година. Иако, не мора да значи дека сите тие се вистинити, тоа сепак ги поттикнаа USDA да ги испита овие тврдења до одредена точка.
Општо земено, такви предмети во виршлите се доста ретки. Имено, постојат 20 милијарди виршли направени секоја година и само неколку од нив содржат „страни предмети“.
Иако е доста невообичаено вашата следна виршла да биде контаминирана, сепак треба да бидете повеќе претпазливи во нивната конзумација, особено за време на топлите месеци.