Болницата во која жената требала да се породи, била на 45 минути од домот на идните родители. Сепак, никој не очекувал дека бебето ќе се појави на свет толку рано.
Откако мајката започнала да чувствува болки во стомакот, мажот веднаш го запалил автомобилот и двајцата се упатиле кон болницата. Новороденчето сепак не сакало повеќе да чека и породувањето започнало на патот, во автомобилот.
Сопругот на жената монтирал камери во возилото неколку дена пред случката, неочекувајќи дека токму тоа ќе му овозможи да го документира раѓањето на новиот член на нивното семејство.