Гласот на „Изгубената генерација“

Во литературата „Изгубената генерација“ (на англ: Lost Generation) се оние млади писатели, кои достигнале зрелост во Првата светска војна .

Кон оваа генерација спаѓаат Ернест Хемингвеј , Френсис Скот Фицџералд, Томас Стернс Елиот и Ерих Марија Ремарк .

Дебитантската книга на последниот ги опфаќа целиот ужас и страдањата кои војната ги оставила во умовите на младите луѓе тогаш. ” На Западот ништо ново “е средство со кое преживеаните млади луѓе ја плакнеле својата болка. Еве што доживеале тие на бојното поле пред еден век:

„Оваа книга не е ниту обвинение ниту исповед. Таа е само обид да раскаже за една генерација што беше уништена од војната – иако ги надживеа нејзините гранати.”

„Додека тие уште пишуваа и зборуваа, ние видовме смрт; додека тие го нарекуваа служењето за државата најдоброто нешто на светот, ние веќе дознавме дека стравот од смртта е посилен. Не станавме од таа причина бунтовници, дезертери или кукавици, а сите овие епитети им доаѓаа лесно на устата, и – ние ја сакавме татковината не помалку од нив и при секој напад тргавме смело кон напред – но сега веќе можевме да правиме разлика, одеднаш се бевме научиле да ги гледаме правилно работите. Видовме дека од нивниот свет не е останато ништо. Одеднаш завршивме страшно осамени – и веќе самите требаше да се поправаме. “

„Но ние би станале смешни во сопствените очи, ако допуштевме да не исплаши. Станавме груби, скептични, безмилосни, злобни, сурови и тоа беше за наше добро, бидејќи токму овие квалитети ни недостигаа. Ако не беа пратиле во борба во оној период на обуки, повеќето од нас сигурно би полуделе. Но сега бевме подготвени за она што не очекуваше. “

„Не се откажавме, туку се приспособивме; за тоа ни помогнаа и нашите дваесет години. Но, најважно беше тоа што кај нас се разбуди едно цврсто, практично чувство на задружност што подоцна на бојното поле прерасна во најдобро нешто што војната можеше да го роди – бојното другарство! “

„Ви велам, ова е најголемата гадост, каде и животни праќаат во војна!“

„Секој војник го должи својот живот на илјадници случајности. И секој војник верува и ѝ се доверува на случајноста.”

„Така е. Но не заборавај дека скоро сите ние сме прости луѓе, а и во Франција повеќето луѓе се работници, занаетчии или ситни чиновници. Зошто му е потребно на еден француски бравар или чевлар да не напаѓа? Не, тоа го прават само владите. Никогаш не сум видел Французин, пред да дојдам тука, и истото ќе да е со повеќето Французи. И тие се прашуваат како нас”

„Дури сега гледам дека и ти си човек како мене. Јас размислував за твоите рачни гранати, за твоето оружје – сега ја  гледам твојата жена, твоето лице и општото што нè поврзува. Прости ми, другар! Ние секогаш дознаваме премногу доцна. Но, зошто не ни повторуваат постојано дека вие сте исто такви сиромашни кучиња како нас, дека и вашите мајки треперат на ист начин како нашите, дека сите го чувствуваме истиот ужас пред смртта, на ист начин умираме и на ист начин не боли. – Прости ми, пријателе, како би можел ти да бидеш мој непријател? Ако ги симнеме овие оружја и оваа униформа, ти би можел да ми бидеш истиот тој брат како Кат и Алберт. “

„Во военштината има премногу измама, неправедност и нискост.”

„Ако се вратевме во 1916-та, ќе бевме ослободени од вистинска бура и силата на доживувањето. А сега, кога ќе се вратиме, ќе бидеме уморни, изгорени до корен и без надеж. Веќе не ќе можеме да пронајдеме место во овој свет. “

- Реклама -