Некогаш се сметало дека стареењето почнува после 60-та година и е проследено со намалена работна способност на органите, но денеска се знае дека стареењето започнува уште од 40-та година, со намалената конгнитивна функција на мозокот.
Според најновото истражување осамените луѓе многу побрзо започнуваат да стареат и со многу поголем прогрес на староста. Според истото истражување осамените луѓе живеат многу пократко од останатите.
Чувството на бескорисност и изолација предизвикува песимизам и намалена волја за живот, а песимизамот и намалената волја за живот прават да бидеме посклони кон заболувања и ваквите луѓе многу потешко се лекуваат од разни заболувања кои го напаѓаат организмот. Ова е логично бидејќи волјата за живот и опоравување е клучна компонента при секоја терапија кај секоја болест – потенцираат експертите.
Исто така, научниците потенцираат дека хронично болните осамени луѓе без разлика која болест ја имаат живеат многу пократко од оние кои имаат блиски покрај себе. Дружењето и комуникацијата ги намалуваат тегобите и ни го продолжуваат животот – заклучуваат лекарите.
Објавено во соработка со За Здравје.