Омиленото пиво на Хомер Симпсон наскоро во баровите низ светот

Омиленото пиво на херојот од анимираната серија “Симпсонови”, Хомер, наскоро ќе направи скок од малиот екран кон реалниот пазар на алкохолни пијалоци.

Постојат планови Duff Beer да се појави во многу барови ширум светот, пишува The Wall Street Journal.

21st Century Fox, студиото-сопственик на серијата, ќе го пушти пијалокот на глобалниот пазар. Неговата „премиера” ќе се случува во Чиле овој месец, а се очекува таа постепено да почне да се шири во другите држави од Јужна Америка, како и во Европа. Во САД, сепак пивото ќе се продава само во специјални секции посветени на “Симпсонови” – во забавните паркови во Орландо и Лос Анџелес.

tumblr_me4itg6XEf1rr4gi5o1_540

„Мислам дека има потенцијал Duff да се појави насекаде во светот”, изјави Џефри Годсик, шеф на одделот за кориснички производи на Fox.

Причината за создавање на вистинско Duff пиво е едноставна – неавторизирани верзии на пијалокот веќе се продаваат наоколу, а Fox се обидува да ги заштити авторските права, но не успева да се справи со проблемот. Затоа телевизијата се обложи на различна стратегија и реши да прави бизнис, претворајќи го измислениот бренд во реален.

- Реклама -