Само за жени: 40 нешта што ги дознаваме пред да наполниме 40 години

За вас, дами! Бидејќи секоја следна „свеќичка“ кон тортата ни додава уште малку искуство, мудрост и способност да се радуваме целосно на животот.

1. Повеќето креми против брчки всушност не дејствуваат …

2. … како и кремите за слабеење и затегање.

3. За да бидеш секси, веќе не е доволно да си слаба. Треба и да си поцврста.

4. Ако не ти се јави, најверојатно не го изгубил телефонскиот број. Едноставно не е заинтересиран.

5. Кога ќе те шутнат, претпочиташ да се исплачеш на рамото на пријателка, наместо да се испијаниш.

6. Комплиментите веќе не те тераат да се смееш.

7. Само салата за ручек не врши работа. Најпосле, пак ќе посегнеш кон ладилникот за вечера.

8. Обврските не стануваат попривлечни со времето.

9. Убавиот градник прави чуда за самодовербата …

10. … како и фризурата кај професионален фризер.

11. Се поретко се гледаш со својата мајка и се почесто жалиш за некогашните караници со неа …

12. … Чувството дека се претвораш во неа, без разлика дали ти се допаѓа тоа или не.

13. Само затоа што уште немаш деца, не значи дека е премногу доцна за да имаш.

14. Веќе не се грижиш, кога мажите ќе те погледнат чудно.

15. Ефектот од вистински одмор е непроценлив, без разлика дали станува збор за спа масажа или само добра книга со чаша вино.

40-year-old

16. Всушност престижното е убаво нешто.

17. Преферираш книги за личен развој пред фантазија.

18. Колку и да ја чистиш гардеробата, никогаш не ги фрлаш оние фармерки од студентските години.

19. Долгата врска може да е нешто навистина одлично.

20. … како и тоа да си слободна.

21. Веќе можеш да носиш официјални костими, без да изгледаш премногу “класично”.

22. Не е толку лошо да се помине саботата дома.

23. Обрнуваш преголемо внимание на своите лични финансии.

24. Имаш барем еден кредит.

25. Кога во текот на викендот ќе се облечеш спортски, се чувствуваш десет години помлада.

26. Нема лошо во тоа да го сонуваш за поранешниот, но следењето на “Фејсбук” предизвикува премногу нервози.

27. Претпочиташ да се јавиш, наместо да пишуваш смс.

28. Во женската торба носиш мала крема за раце.

29. Кога не ти се излегува, само остануваш дома.

30. Не можеш да ги избегнеш брчките.

shutterstock_96965342

31. Признај си. Никогаш нема да престане да ти се допаѓа Бред Пит.

32. Забавите до утрото ти се одразуваат се полошо.

33. Се помируваш со тоа дека забавите никогаш повеќе нема да бидат исти како во 20те.

34. Се повеќе ја цениш магијата на убавата чанта и скапиот пар на чевли.

35. Ноќта надвор со пријателките ти е далеку позабавна отколку ноќта надвор со својот сопруг.

36. Веќе знаеш што е вистинската љубов и дека таа не се мери со количината подарени рози и кутии чоколади.

37. Да се загледаш во друг маж,  всушност не е ништо страшно.

38. Користите крем за лице со висок UV фактор, без разлика дали сте на море или во градот.

39. Не ве засега многу туѓото мислење.

40. Разбираш целосно зошто “40-те години се новите 20”.

А вие што би додале? Напишете во коментар 🙂

- Реклама -