Не го правете ова во авион

На светот има малку нешта што се подосадни од надоместоците за багаж во авионите.

Токму поради оваа причина некои луѓе навлекуваат на себе премногу облека, која што инаку не би ја собрало во ранецот, па избегнуваат да ги платат овие дополнителни трошоци.

Еден член на музички бенд сепак плати соодветна цена за својата бунтовност. Членот на групата Rewind, Џејмс Макелвар облекол неколку џемпери, шест маици, три пара фармерки, два пара долни тренерки и две капи, за да избегне плаќање на 45 фунти (70 долари) такса за надминување на дозволениот багаж на лет од Лондон до Глазгов, а набрзо потоа паднал во несвест.

Деветнаесет годишниот изведувач повраќал, а потоа морал да добие кислород, откако ја навлекол сета оваа облека, за да ја избегне и таксата за дополнителен ранец со него на авионот. Болничарите му рекле дека е среќен што е се уште жив, пишува BBC.

Прочитајте и:  Фон дер Лајен спасила патник на лет за Брисел

shma

 

Макелвар зажалил за одлуката набрзо по потегот.

„Беше невозможно да одам, едвај се качив во авионот,” вели тој пред MailOnline.

„Сакав да ја соблечам облеката штом седнав на своето место. Местото до мене беше слободно и можев да оставам нешто таму, но ми рекоа дека треба да почекам, додека полетаме.”

Кога авионот полетал, на Макелвар веќе му станало лошо. Тој станал и се шетал низ авионот, прашувал за лекар и најпосле паднал во несвест. Откако авионот слетал, пејачот бил однесен со брза помош во болница, каде што неговата состојба се подобрила. Од EasyJet пак велат дека нудат “едни од најпознатите дарежливи услови за багаж во авионот.”

- Реклама -