Се подготвува Alfa Romeo GTV

Alfa Romeo GTV се враќа, но засега само дигитално. Стратегијата на брендот е до крајот на деценијата да се појават неколку нови модели. Веќе ја видовме прекрасната Giulia, зошто да не видиме и целосно ново GTV, се разбира, со задолжителна верзија Spider?

Од компанијата нема ништо официјално, но според гласините еден од новите модели ќе биде купе 2+2, а малку потоа и верзија Spider. Дизајнот за овој рендер е типичен за Alfa, засечен покрив и издолжена предница. Потсетуваме дека GTV беше повлечен од производство во 2004 година. Потоа се појави наследник во лицето на Brera, кој исто така имаше верзија Spider. И двете опции го завршија производствениот циклус во 2010 година. Веќе е време да видиме од Италијанците нова GTV или Brera. Ако тоа се случи, тие ќе бидат екипирани најверојатно со 4-цилиндерски 1,75-литарски агрегат од 4C, што генерира максимални 237 КЅ и 350 Nm и кој според Alfa има уште потенцијал.

Засега се уште е рано да се зборува за ново GTV или Brera, бидејќи во моментов приоритет е првиот SUV на компанијата. Потоа плановите предвидуваат поголем SUV, поголем седан и целосно нов модел во варијанти хечбек, купе и седан.

- Реклама -