Growth – една иновативна саксија инспирирана од јапонската уметност оригами – расте заедно со вашето растение.
Таа се проширува сама, за да се прилагоди на повеќе почва и поголеми корења . Целта на оваа неверојатна креација, создадена од лондонското студио Studio Ayaskan – е да ги направи саксиите за растенијата поотпорни и поеколошки од било кога.
Во природата сè еволуира, се приспособува, расте, умира, апсорбира – велат Вело и Бегем Аескан пред Contemporist.
– Современиот пристап кон изградбата сепак е радикално различен. Тука работите постојат на следниов начин: објектите се произведуваат, користат и фрлаат. Растот, преку внимателно пресметани форми на оригами, ја имитира вештината на природата да расте и да се трансформира заедно со времето. И токму овие квалитети се пренесуваат директно во саксијата.
Освен што се доста практични, дизајнот го оценуваме како извонреден.