Пежо ги објави првите видео материјали од 308 GTi, кој дебитираше на крајот на минатиот месец за време на Фестивалот на брзината во Гудвуд.
Францускиот модел доаѓа со двобојна каросерија, спортски дифузер одзади, двоен приклучок на издувниот систем и спортски прагови. Нови исто така се и 18-инчните тркала кои можат да бидат заменети од 19-ки со доплата.
Погонот е доверен на 1.6 литарскиот турбо мотор од кој се извадени 250 КЅ. Во понудата се најавува и помоќна верзија Peugeot 308 GTi 270 CH – со 20 КЅ дополнително, а и кај двете опции силата се испраќа до предните тркала преку 6 степениот мануелен менувач. Вртежниот момент е 330 Nm.