Гумени чизми, папучи за на плажа, компир… списокот е долг, погледнете.
Во машината за садови можете да перете многу повеќе од чинии, чаши, ножеви…
Меѓутоа, морате да се придржувате до овие основи безбедносни правила: не ставајте во машината ништо што може да се стопи, она што не е садови, може да се пере во горниот дел од машината, она што е од метал добро исушете го после перење, за да не зарѓа.
А сега, неверојатниот список на работи кои слободно можете да ги ставите во машината за садови:
– Компир
– Стаклени и пластични полици од ладилникот
– Пластични садови за чаши
– Детски пластични играчки од тврда гума
– пластични четки и чешли за коса
– шноли за коса
– папучи за на плажа
– гумени чизми без постава и крзно
– цуцла
– градинарски алат
– сад за сапун
– решетки за цедење на садовите
Ако ви паѓа уште нешто на памет што би можело да се додаде на овој список, пишете во коментар.