Желбите на челниците на рускиот фудбал да го сместат Роберто Манчини на клупата на нивната репрезентација не се исполнија откако италијанскиот стратег синоќа го продолжи договорот со Манчестер Сити до 2017 година.
„Можноста да го надоградиме нашиот неодамнешен успех е огромна. Манчестер Сити е фантастичен клуб, па затоа посебно се радувам на новите предизвици“ рече 47-годишниот Манчини.
Се шпекулираше дека Русите му нудат повеќегодишен договор вреден 44 милиони евра, а не е познато колку ќе заработува со новиот договор во првенството на Англија.